知末
知末
创作上传
VIP
收藏下载
登录 | 注册有礼

城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队

2022/10/14 00:00:00
查看完整案例
微信扫一扫
收藏
下载
„Реурбанизација на индустриските подрачја во градовите“ / Група студенти
31.03.2023
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-2
Автори:
Елена Петровска, Ирина Стефановска, Марјан Димиќ, Дамјан Момировски, Павлинка Атанасова, Драгана Аговска, Наташа Ѓорѓиевска, Ивана Ангелова, Христина Стојчевска, Дарко Крстевски, Татјана Врангаловска, Филип Конески, Билјана Стамболиева, Драган Крстевски и Маја
Димишкова ( Архитектонски факултет при УКИМ)
Година:
2010
Извадок од текст:
Елена Петровска за
Порта 3
Во денешната објава споделуваме студентски концепт за „Реурбанизација на индустриските подрачја во градовите“ работен во 2010 година, за потребите на 9тиот Архитектонски Студентски Конгрес, кој се оддржа во Љубљана, Словенија од 9ти до 20 април, 2010 година.
На конгресот беа присутни 11 факултети од Балканот, кои ги претставија сопствените размислувања на зададената тема.
Македонските студенти работеа на проект за реурбанизација на „Топлификација“ АД Скопје, ФАС „11 Октомври“, „Комуна“ АД Скопје, Пролетер и уште неколку други капацитети.
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-14
Проектот со кој тие се претставија на конгресот беше реурбанизација на индустриската постоело на тој простор. Меморијата за него, студентите решаваат да ја задржат како важен белег за својот град и во нејзино име да продолжат да работат на просторот и да развиваат нови идеи
за ревитализација. Имено, новиот концепт нуди отфрлање на индустријата, која и без тоа е веќе пропадната и замрена, но задржување на производот и негово имплементирање во новата замисла. Идејата е да се остави слободно течење на природниот процес за „самоуништување“ на локацијата, кој е веќе одамна започнат, па така по природен, но контролиран пат да се дојде до еден парковски простор во кој би се вметнале различни активности кои ќе говорат за духот на локацијата и она што некогаш таа претставувала.
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-17
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-18
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-19
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-20
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-21
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-22
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-23
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-24
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-25
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-26
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-27
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-28
Можните сценарија за тие активности се буквално неограничени и бесконечни. Некои од предлозите на студентите се искористување на старите и неупотребливи автобуси и нивно пренаменување во проекциони кабини, мали предавални, кафе- барови или интернет кафеа со кои би се зачувала меморијата за ФАС 11 Октомври. Од хартиените производи на фабриката Комуна постои можност за изработка на изложбени паноа за млади уметници, простори за детски игри, картонски ѕидови за графити уметници, изработка на симболичен картонски лавиринт, хартиени гигантски оригами, скулптури и слични сценарија
кои би го потенцирале белегот што таа индустрија го оставила врз нашето општество. Малите работилници на АД Пролетер, пак, студентите ги
видоа како одлична можност за сместување на мини ателјеа на млади уметници, простори за спорт и рекреација, создавање музика, мали
читални или едноставно затворени безбедни простори за дружење.
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-33
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-34
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-35
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-36
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-37
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-38
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-39
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-40
Сите овие сценарија се само мал дел од бесконечната листа на можности и замислата е тие постојано да се менуваат што ќе придонесе за атрактивноста на локацијата и потребата на граѓаните да ја посетуваат повеќепати. Оваа променливост и непостојаност беше инспирација од номадскиот начин на живот на дел од жителите што живеат на локацијата, велат студентите, односно на ромското население за кое тие предвидуваат ново живеалиште во една од халите на ФАС 11 Октомври. Оваа идеја за вметнување на „дом во дом“ е веќе позната во светот и такви примери бележиме во Холандија каде што во еден поголем простор се сместуваат помали монтажни објекти и на тој начин се формира колективно домување на повеќе семејства под еден заеднички покрив. Просторот што се ослободува веднаш на брегот од реката Вардар, што е воедно и најатрактивниот простор на локацијата, студентите го предвидуваат за поставување на градски камп кој на Скопје му недостасува.
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-42
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-43
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-44
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-45
Целта на оваа програма која студентите ја нудат, одлично се вклопува во веќе развиената мрежа на рекреативни содржини по течението на реката Вардар и е вистинско освежување за оваа напуштена, мрачна и неатрактивна зона која сама по себе е небезбедна за околното население. Студентите во својата презентација напоменуваат дека нивната цел не е да претстават нешто ново, ниту пак да го избришат она што веќе постои таму, туку да ги реинтерпретираат постојните физички со држини на начин кој е корисен за граѓаните и користен од нивна страна. Тоа го постигнуваат со одржување на компромис и баланс помеѓу природата и индустриското наследство.
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-47
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-48
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-49
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-50
Познавајќи го постојаното трагање по нови одговори, предизвикот
што тие си го поставија беше да ре витализираат нешто што е старо и неупотребливо без притоа тотално да го искоренат од меморијата. Овој проект наиде на многу позитивни реакции на конгресот и без лажна скромност може да се каже дека македонската презентација беше
фаворит меѓу учесниците.“
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-54
城市工业区域再城市化丨斯科普里大学建筑学院学生团队-55
南京喵熊网络科技有限公司 苏ICP备18050492号-4知末 © 2018—2020 . All photos and trademark graphics are copyrighted by their owners.增值电信业务经营许可证(ICP)苏B2-20201444苏公网安备 32011302321234号
客服
消息
收藏
下载
最近